Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Истрагата од УЕФА носи ризик за Шкендија и главниот спонзор Еколог?

25 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По обелоденувањето на документите од истрагата за сомнителни натпревари во Првата македонска фудбалска лига, целиот случај добива поширока димензија и свој заплет.
  • Освен сопственикот на Башкими, Бурак Хида, во фокусот на јавноста се најде и претседателот на Шкендија, Љуљзим Имери, поради тоа што натпреварот меѓу двата клуба е дел од предметот што се разгледува од страна на највисокото фудбалско тело во Европа.
  • Документите упатуваат на одредени релации и финансиски активности поврзани со лица од странство, кои се доведуваат во контекст со обложувања во периодот кога се одиграле спорните средби.
  • Во вакви околности, штетата не е само правна или спортска. Потенцијалните последици можат да бидат и финансиски и репутациски, особено за Шкендија. Секое доведување на клубот во контекст на истрага за интегритет на натпреварување може директно да се одрази врз неговиот бренд и врз односот со главниот спонзор, Еколог.
извор

Македонија ја чека Словенија во Скопје

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Најдобрата македонска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза во УЕФА Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија. Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.
  • По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.
  • Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13-9.
извор

Милосављев: Во Вардар немав добар договор, но таму уживав најмногу

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Српскиот голман Дејан Милосављев, кој денес го носи дресот на полски Киелце, се потсети на периодот поминат во Вардар и откри дека токму сезоната во која ја освои Лигата на шампионите била една од најубавите во неговата кариера, иако тогаш условите во клубот не биле идеални.
  • Милосављев во Скопје пристигна во 2018 година, на само 22-годишна возраст, како голем голмански талент од Партизан. Во својата единствена сезона во „црвено-црниот“ дрес остави силен впечаток, а круна на неговиот престој беше историскиот триумф во Лигата на шампионите во Келн во 2019 година.
  • „Кога зборувам за мојот пат и моите почетоци во врвниот ракомет, секогаш кажувам дека во Вардар, кога ја освоивме Лигата на шампионите, воопшто немав стрес. Тогаш најмногу уживав. Во Вардар немав ни добар договор, ниту пак работите беа како што треба, но самиот тој ракомет мене ми беше најголемо уживање.

    Дури кога се преселив во Германија, сфатив што значи стрес и притисок. Кога добив деца, кога чувствуваш дека ако си повреден и нема да играш две-три недели може да се изгуби првенството, кога сите очекуваат нешто од тебе кога на тимот му е најтешко...“, вели српскиот голман.

  • По фантастичната сезона во Скопје, Милосављев во 2019 година се пресели во Фуксе Берлин, каде што изгради репутација на еден од најдобрите голмани во Европа. По седум сезони во Германија, кариерата ја продолжи во полски Киелце, со кој сака да продолжи да се бори за највисоките европски трофеи.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
3

Заслужен одговор

Балканштина
4

Цена на злото

Балканштина
5

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
6

Беља во најава

Македонштина
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
1

Роналдињо на 46 години му се врати на фудбалот и направи шоу во Италија

Фудбал
2

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
3

Фешта на Дончиќ со 43 поени, осма победа по ред за Лејкерс

Кошарка
4

Нов луд кош на Јокиќ

Кошарка
5

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

6

Англија го најде лекот за Шпанија, прв пораз на Шпанците после 967 дена!

Фудбал
7

Сјајната партија на Нено Димитријевиќ кој го урна големиот Олимпијакос

Кошарка
8

Фудбалски протест со раздвоен жив ѕид

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Песно мојa, прејди на друг

Порнхаб, меѓу нас е свршено

Побогу, Боки, врати се по старо

Ние бевме покрупни

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy