Американците не се ни испотија, а срушија неколку рекорди. Едноставно тие само шутираа и не промашуваа.
Најава за рекордите имавме уште во првата четвртина кога кошаркарите на САД постигнаа неверојатни 49 поени, а погодија и 11 тројки.
Кармело Ентони постигна 37 поени што претставува нов рекорд за тимот на САД, а овој рекорд тој го сруши уште во третата четвртина. Тој погоди 10 од 12 обиди за три поени.
Вкупно, кошаркарите на САД реализираа 29 тројки што претставува уште еден нов рекорд. Претходниот нивен рекорд изнесуваше 13 тројки.
И секако резултатот 156:73 претставува нов рекорд. Досегашниот рекорд за најмногу постигнати поени на Олимписки натпревар беше победата на Бразил над Египет од 138:85 во Сеул 1988.
Со победата од 83 разлика Американците си го подобрија својот рекорд од далечната 1956-та година кога го победија Тајланд со 72 разлика.
Покрај Ентони, во тимот на САД се истакаа и Вестрбук со 21, Брајант 16, Лав 15, Дурент 15 и Вилијамс со 13 поени. Најефикасен кај Нигерија беше Ике Диогу со 27 поени.