Медали за 4-то

Постигнувајќи сосема ново ниво на домаќинлук на Олимписките игри, еден Британец од незгодно спрема спортистите почна да дели медали за четврто место.

Како што самиот објаснува, заради зголемената конкуренција многу одлични спортисти завршуваат на 4-то место и без медал, што по него не е во ред.

"Порано 84 држави се натпреваруваа на Олимпијадата, денес има 204. Нивото на кое настапуваат многу се крена и сега е навистина тешко да добиеш медала. Сметам дека овој раст во компетитивноста и стандардите треба да биде земен во предвид," објаснува сопственикот на книжара од Дербишајар.

Мичел ги плаќа медалите од сопствени пари, а први што ќе добијат медал за четврто место се двајца британски пливачи.

Единствена грижа на Мичел е "некој да не го сфати ова навредливо."

4 август 2012 - 19:05