Олимпискитот комитет на карипската земја Сент Китс и Невис го суспендираше Ким Колинс заради недисциплина. Тој го напуштил Олимпиското село и ја поминал ноќта со својата сопруга во хотел во Лондон.
Ким Колинс е поранешен најдобар спринтер на светот. Тој го освои златото на 100 метри на Светското првентсво во Париз во 2003-та година, а ова требаше да биде негов петти настап на Олимписките игри. Во 2000-та година Колинс заврши на шесттата, а во 2004-та беше четврти.
„Дури и на луѓето во затвор им дозволуваат да си ги видат сопругите" напиша Колинс на својот Твитер профил.
Колинс не се појави денес на трката на 100 метри, но се уште не е избришат од трката на 200 метри, како и штафетата на 4х100 метри. Сепак тој најави дека веќе никогаш нема да настапи за неговата земја.