Додека остатокот од светот веднаш сврте на муабет за допинг, кога Је Шивен го сруши рекордот нејзините родители конечно можеа да се помират дека сите маки што ги претрпела нивната ќерка имаат резултат.
На 6-години Је Шивен е избрана од нејзиното училиште и префрлена во елитната спортска програма. Од тогаш таа не престанува со тренирање во најразлични пливачки дисциплини.
До 10-годишна возраст, таа веќе има освоено 50 медали во најразлични натпреварувања.
Нејзините родители објаснуваат дека речиси половина живот не ја гледаат својата ќерка, која најчесто е на некои подготовки или натпревари во Кина или низ светот, а главен начин на комуникација со неа бил мобилниот телефон.
Меѓутоа на возраст меѓу 11 и 14 години, од пливачката програма бараат од неа да се откаже од мобилниот и да им го предаде, за да може комплетно да се посвети на својот тренинг.
"На Западот, му плаќаш на тренер кој ќе те претвори со спортиста. Но во Кина, државата го плаќа, па мораш нешто да жртвуваш за возврат," објаснуваат родителите на Је.
На 16 години, таа настапува на својата прва Олимпијада и го шокира светот со нејзиниот успех.
Она за што најмногу жалат нејзините родители, е што нивната ќерка морала самата да се справува со невидениот притисок и обвинувања за допинг кои започнаа по освојувањето на златната медала.
Што се однесува на обвинувањата за суровоста на кинеските спортски програми, родителите ги негираат сите приказни а властите објаснуваат дека се е до бројноста на кандидатите. "Училиштето во Хангжу, во кое се подготвуваше и Је, годишно има 120.000 кандидати за запишување. Од нив, тие избираат само 20," изјавил заменик директорот на училиштето.