Џудистот кој настапува под знамето на САД, е роден пред 22 години во Белград како Петар Перовиќ и првите две години од својот живот ги поминал во сирипиталиште во близината на Никшиќ во Црна Гора. Таму тој бил посвоен од американски брачен пар по што тој добил ново име - Николас Делпополо.
На Олимписките игри во САД оствари солиден резултат и се пласираше на седмата позиција, но сите негови резултати ќе бидат поништени и тој веднаш ќе мора да го напушти Олимпиското село откако неговиот допинг тест откри канабис во неговото тело.
Тој ја прифати суспензијата, но преку официјално писмо до Меѓународниот олимписки комитет, но и преку порака на својата фан страна на Фејсбук се обиде да објасни како забранетата супстанца се нашла во неговото тело.
„По неколку телефонски повици кај моето семејство и пријателите, една моја роднина призна дека колачињата кои таа ми ги направи пред Олимписките игри биле направени од марихуана. Јас не знаев дека сум внел марихуана во моето тело. На пат кон дома јас спиев четири часа, но си помислив дека сум исцрпен од напорните тренинзи", напиша Делпополо во своето писмо.
Неговата роднина чиј идентитет се уште не се открива, исто така испрати писмо до МОК со кое таа ја превзема целата вина и тврди дека џудистот не знаел дека јаде колачиња од марихуана.
По овој случај повторно се отворија дискусиите за отстранувањето на марихуаната од забранетата листа на Светската анти-допинг агенција. Марихуаната не делува на подобрување на перформансите во спортови со зголемена активност, но би можела да биде од голема предност во спортови за кои е потребна мирна рака, како на пример стрелање или голф.