Ута Абе има 24 години и во последните 8 години има освоено 22 медали од кои 19 златни. Се работи за четирикратна светска шампионка, која во Париз беше дојдена со една цел, а тоа е да го одбрани златото во џудо во категорија до 52 килограми. Но во второ коло загуби од Узбекистанката Диора Келдијорова, а тоа значи крај на Олимписките игри, како да е крај на светот. Тренерот никако не успеваше да ја смири. Во очај беше.