Повредата се случила за време на еден џудо натпревар, и за да бидеме на чисто, Путин не се повредил додека јадел ќотек, туку додека го тепал другиот.
"Тој го крена противникот и го фрли. Тука некако ја измести кичмата," изјавил белорускиот претседател Лукашенко.
Вечниот владетел на Белорусија ја има оваа информација бидејќи Путин му се јавил за да го откаже договорениот натпревар во хокеј.
"Ми рече: 'Не сме подготвени да играме со твојот тим.' Ја имаше повредено кичмата," објаснил Лукашенко за Ројтерс.
Путин се очекува повторно да може да патува во текот на следниот месец.