Три дена по финалето во Киев меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, не стивнуваат реакциите за моментот кој се покажа како пресвртница на мечот кој заврши во корист на Кралевите.
Од Фудбалската федерација на Египет денеска стигна информација дека Салах ќе оди на рехабилитација во Шпанија и дека се очекува да биде подготвен за стартот на Мундијалот во Русија.
На таа тема за чудо твитнаа и од Европската џудо унија кои укажуваат на опасниот прекршок на Серхио Рамос за кој постои поделено мислење дали намерно или ненамерно го повреди најдобриот играч на сезоната во Премиер лигата.
„Ваки гатама е опасна техника и затоа не е дозволена во Џудо. Но во фудбалот доволно добра за да се освои Лигата на шампионите“.
Waki-gatame is a dangerous technique. That's why it is not allowed in Judo to use for transition to ne-waza. What do you think about this foul yesterday evening in the #UCLFinal between #RMALIV? pic.twitter.com/mHmADyG7LB
— European Judo Union (@europeanjudo) May 27, 2018
На петицијата против Рамос од вчера до денес се потпишаа нови 100.000 луѓе и сега брои над 470.000 потписи.