Гелана е победник на маратонот во Лондон, а нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека и покрај дождот таа успеа да ја истрча трката со време 2 часа 23 минути и 7 секунди што претставува нов олимписки рекорд.
На второто место со заостанување од пет секунди заврши Приска Џепту од Кенија, а бронзата и припадна на Татјана Петрова Архипова од Русија која маратонот го заврши за 2:23:29 часа.
Во текот на поголемиот дел од трката во водство беше група од четири атлетичарки, а Гелена успеа да се издвои во последниот километар.
На стартот се појавија 118 атлетичарки, а трката ја завршија 107.