Целосната доминација на Серена започна уште на самиот старт од мечот кога уште во првиот гејм таа сервираше три аса.
Неверојатната Американка загуби само 16 гејма на патот до финалето, а тука и препушти само еден на Марија Шарапова.
Последен пат Шарапова се радуваше на победа против Серена на финалето од Вимблдон во 2004-та година, а ова беше осми последователен триумф за Американката.
По само 63 минути игра, Вилијамс победи со 6:0, 6:1 и го освои првото злато во сингл на Олимписките игри.
Бронзата и припадна на Белорусинката Викторија Азаренка која ја победи Марија Кириленко од Русија со 6:3, 6:4.