Не се исполни сонот на Роџер Федерер. Во неговата кариера единствено му недостасуваше уште златото од Олимписките игри, но на патот му се испречи мотивираниот Енди Мареј кој не ја пропушти шансата да му се одмазди за поразот од пред еден месец на финалето од Вимблдон.
И токму на тоа место, светскиот тенисер број еден го доживеа еден од најтешките порази на трева во својата кариера.
Со два брејка Мареј го освои првиот сет со 6:2, а потоа беше поубедлив и во вториот сет славеше со 6:1.
Во третиот сет Федерер го подигна нивото на својата игра и успеа да поведе со 3:0, но сепак на крајот Мареј славеше со 6:2, 6:1, 6:4.
Претходно, во натпреварот за третото место, Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани бронзата од Пекинг и загуби од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 2:0 (7:5, 6:4).