Бразил-Мексико во финалето на фудбалскиот турнир

Фудбалската репрезентација на Бразил во финалето против Мексико на фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе има шанси да го освои првото олимписко злато во историјата на својата земја.

Олимписката репрезентација на Бразил стигна до финалето со победата од 3:0 над Јужна Кореја на стадионот Олд Трафорд во Манчестер.

Резултатот го отвори Ромул во 38-та минута, а победата ја потврди Леандро Дамјао со головите во 57-та и 64-та минута.

За своето прво злато ќе се борат и Мексиканците. Фудбалерите на Јапонија водеа во полуфиналето, но во финалето во сабота ќе игра Мексико.

Јапонците поведоа преку Јуки Оцу уште во 12-та минута, а израмни Марко Фабијан во 30-та. Целосниот пресврт го најави Орибе Перлета, а конечниот резултат во судиското продолжение го постави Хавиер Кортес.

 

7 август 2012 - 22:00