Директорот на Кинесио Холдинг корпорацијата, Мајкл Гуд, тврди дека спортистите навистина имаат корист од лентите.
Како што објаснува Гуд, лентите се користат на Олимпијадите уште од 1998-ма, ама тие станале забележливи дури во Пекинг, кога компанијата им донирала ролни со лентите на докторите на повеќе олимписки репрезентации. (Ова имало незамисливо позитивно влијание на продажбата на лентите.)
Денес лентите ги користат сите од играчи во НФЛ лигата па до Ленс Армстронг. Освен тоа, спортистите што ги употребуваат тврдат дека тие навистина им помагаат. Корисноста на лентите ја потврди и една студија од 2008-ма спроведена на пациенти на колеџ возраст, со повреди на рамото, според која лентите дале забележливо зголемен опсег на движење и ја намалиле болката.
Анализата на постојните истражувања за Кинесио направена во февруари 2012-та, заклучи дека "има малку квалитетни докази кои ќе го поддржат користењето на Кинесио ленти, наместо други еластични ленти за менаџирање или стопирање на спортски повреди."
И истражувањата на клиничките пациенти се прилично неконзистентни, тврди проферсорката по спортска медицина од Универзитетот во Јута, Ејми Пауел, која е и во бордот на директори на Американското медицинско здружение за спортска медицина.
"На клиниката има одредена група на пациенти (со повреди на рамото) кои добро реагираат на Кинесио, но не сме сигурни дека и друг вид на ленти нема да ја добијат истата структурна поддршка за рамото," порачува Пауел.
Нејзината забелешка за Кинесио е што компанијата го рекламира како магичен лек, а во основа по нејзе лентите се многу повеќе еден вид помагало.
Таа е свесна дека за спортистите и не прави многу разлика тоа што нема докази.
"Се што спортистот ќе го смета за предност, тој ќе го проба, без разлика дали е докажано или не. А спортистите се уверени дека Кинесио лентите навистина помагаат. Секако не прави никаква штета," признава Пауел.