Во Атланта 1996-та, Британија освојува вкупно 1 златeн медал. Следната година приходот од Националната лотарија директно се инвестира во елитните олимписки спортови. На следната Олимпијада во Сиднеј, Британија освојува 11 златни медали, за прв пат повеќе од игрите во Антверп во 1920-та.
Кога ја добија организацијата на ОИ, Британците дополнително ги зголемија инвестициите. До денес Британија има освоено 22 злата.
"Финансирањето од лотаријата во 90-те има големо влијание со успехoт на Британија. Одвојувањето на финансиски ресурси, посебно во создаваето на елитни тимови имаше голем ефект," објаснува професорот по спортски менџмент на Универзитетот Мичиген, Стефан Сзимански.
Околу 60% од финансирањето на Олимпискиот тим на Британија доаѓа од лотарија, а останатите 40% се од даноци (по 10 пенија од даночен обврзник). За подготовките за Лондон 2012. на британските спортисти беа потрошени 264 милиони фунти.
Поврзаноста меѓу парите и успехот е следна: петте спортови кои добија најмногу пари (атлетика, велосипедизам, веслање, пливање и едрење) во Лондон донесоа 27 од вкупно 40-те медали на Британија. Во Пекинг овие 5 спортови донесоа 36 од вкупно 47-те медали.
Веќе има и математика според која јавање коњи, едрење, пливање и велосипедизам се спортовите во кои нема шанси медал да земе спортист од сиромашна земја. Додека борење, џудо, кревање тегови и гиманстика се најдобрите спортови за земјите во развој.
За овие игри Британците меѓу другото имаат инвестирано:
25,1 милион фунти во Атлетика (до сега 3 злата и 1 сребро)
2,9 милиони фунти Ракомет
27,3 милиони фунти Веслање (4 злата, 2 сребра, 3 бронзи)
25,1 милион фунти пливање