Женската штафета на САД составена од Тиана Медисон, Алисон Феликс, Бјанка Најт и Кармелита Џетер успеа да го урне рекорднот на Источна Германија стар 27 години. Тие трката н 4х100 метри ја истрчаа за 40.82 секунди и го поставија новото најдобро време на светот.
Среброто им припадна на спринтерките од Јамајка, а бронзата ќе патува за Украина.
Французинот Рено Лавилени успеа да прескокне 5,97 метри и го постави новиот најдобар резултат во историјата на Олимписките игри во дисциплината скок со стап. На второто и третото место со прескокнати 5,91 метри се пласираа Германците Ото и Холцепе.
Нов олимписки рекорд постави и Русинката Татјана Лисенко која кладивото го фрли 78.18 метри. Анита Влодарчик од Полска го освои среброто, а бронзениот медал и припадна на Бети Хејдлер од Германија.
На машката штафета на 4х400 метри најбрзи беа атлетичарите од Бахамите, Месерет Дефат од Етиопија триумфираше на трката на 5.000 метри, а Турчинката Асли Чакит Алптекин го освои златниот медал на трката на 1.500 метри.