Прв пат во историјата еден атлетичар на Олимписките игри ги освоил златните медали на 100 и 200 метри. Јамајканецот Усеин Болт доминираше во Пекинг пред четири години, а сега истото го повтори и во Лондон.
По триумфот на 100 метри, неверојатниот Болт триумфираше и на трката на 200 метри со време 19.32.
Болт стартуваше перфектно и не му даде шанса на Јоан Блејк кој трката ја заврши за 19.44 секунди.
Доминацијата на Јамајка ја комплетираше Ворен Вир кој делницата на 200 метри ја истрча за 19.84 секунди.