Рачно изработен часовник од познатиот Ричард Мајл може да му донесе сериозни проблеми на Јоан Блејк затоа што тој реши да трча на трката на 100 метри со овој часовник вреден 500.000 долари.
Спортистите кои се натпреваруваат на Олимписките игри во Лондон смеат на носат опрема само од официјални спонзори на нивните земји, а истото правило важи и за часовниците. Официјален спонзор на Олимписките игри е Омега, па Меѓународниот олимписки комитет започна истрага за тоа дали Блејк ги прекршил правилата.