Минатата година штафетата на Јамајка на Светското атлетско првенство во Даегу ја истрча трката на 4х100 метри со време 37.04 секунди и го постави светскиот рекорд.
Штафетата на САД денес составена од Кимонс, Гетлин, Геј и Бејли го повтори тој успех на Јамајчаните од минатата година и тие ја истрчаа трката со 37.04 секунди, но тоа не беше доволно. Јамајчаните си се надминаа себеси.
За прв пат во историјата на атлетските трки една штафета успеа да истрча по 37 секунди, поточно 36.84 секунди. Неста Картер, Мајкл Фрејзер, Јоан Блејк и Усеин Болт се хероите кои повторно ја израдуваа Јамајка.
Усеин Болт на овој начин успеа да си ги одбрани сите три титули од Пекинг, на 100 и 200 метри и оваа штафета, а за него ова е шестти златен медал на Олимписките игри.
Трети на целта завршија Канаѓаните, но заради неправилна измена тие беа дисквалификувани и бронзениот медал и припадна на штафетата на Тринидад и Тобаго.