Британската престолнина е првиот град кој бил домаќин на три Олимпијади (1908, 1948 и 2012). Да погледеме колку Олимписките игри се промениле од последниот пат кога Лондон бил домаќин пред 64 години.
На првите Олимписки игри по втората светска војна учествувале рекордни за тоа време 59 нации со 1.400 спортисти. Германија и Јапонија не биле поканети, а Советскиот Сојуз не испратил свои претставници.
Не бил изграден ниту едено нов објект, а домаќинот за организација на оваа Олимпијада потрошил околу 900.000 евра, заработил само 36.500 евра.