Втор ден по ред на Олимписките игри во Лондон не е срушен ниту еден светски рекорд, но денес беше срушен олимпискиот рекорд на трката на 100 метри со пречки. Новото најбрзо време во историјата на Олимписките игри сега изнесува 12 секунди и 35 стотинки, а го поседува Сали Пирсон од Австралија. Среброто и бронзата им припаднаа на атлетичарките од САД, Харпер и Велс.
Иван Ухов е новиот олимписки шампион во дисциплината скок во височина. Русинот го освои својот прв златен медал откако скокна 2,38 метри. Среброто со прескокнати 2,33 го освои Кинард од САД, а бронзата ќе ја поделат дури тројца натпреварувачи. Баршим од Катар, Друин од Канада и Грабарз од Велика Британија скокнаа 2,29 метри.
Германецот Роберт Хартинг со фрлени 68,27 метри го освои златото во дисциплината фрлање диск, а Алжирецот Таофик Маклуфи беше најбрз на трката на 1.500 метри.