Секој од неисплатените побарува најмалку 1.000 фунти, а сумата се движи и до 1.800 фунти од човек. Жената што тие тврдат дека ги ангажирала, Роксана Каусер, инсистира дека никогаш никого не регрутирала за потребите на ЛОИ 2012.
Ставот на единаесетмината е дека компанијата на Роксана ги има собрано парите за плата и одбива да им ги исплати. Ангажманот на луѓето бил по 14 денови без пауза, во кои смените им траеле меѓу 12 и 13 часа.
Жената што ја спомнуваат во 2012-та е директор на Британија Секјурити Сервисес, на која компанијата АП Секјурити и го аутсорсира регрутирањето и менаџирањето персонал за Олимпијадата. Од АП секјурити изјавуваат дека на компанијата на Каусер и ги исплаќаат сите пари што биле договорени. Од Британија Секјурити Сервисес не кажуваат ништо затоа што фирмата затвора по Олимпијадата.
Луѓево имаат дузина снимки, мејлови и смс-и од Каусер кои докажуваат дека таа ги ангажирала, меѓутоа признаваат дека никогаш ја немаат сретнато во живо. Моментално, решени се да одат на суд.