Моменталната цена на македонското знаме кое пливачот Марко Блажевски го носеше за време на церемонијата за отворање на Олимписките игри во Лондон изнесува 255 фунти, а аукцијата ќе заврши во сабота.
Македонското знаме е едно од поевтините, а знамето на САД веќе е продадено за 8.005 фунти.
На аукцијата може да се купи и огромниот знак на кој пишуваше "Former Yugoslav..." и неговата цена во моментов е 55 фунти.
Организаторите на Олимписките игри решија да ги продадат сите реквизити, костуми и маскоти, па така на аукцијата може да се купи копје, кошаркарски обрач, облеката на Мери Попинс...