Олимпијците веќе одамна се вратија во реалноста. Додека некои ѕвезди заработуваат милиони од спонзорства и можат да го посветат целото време на тренинг, поголемиот дел од олимпијците имаат нормални работни места каде што заработуваат за издржување на семејствата и собираат средства за самите да си ги финансираат тренинзите.
Некои имаат нормални работни места во банки, големи корпорации, војска, полиција... но некои од нив и немаат толку среќа.
Норвешкиот маратонец Урите Бута е бегалец од Етиопија кој кога пристигнал во Норвешка живеел во камп за имигранти. Тој тогаш за прв пат за прв пат во животот видел снег и заради прениските температури ја одржувал формата трчајќи во подземни тунели од пречистителна станица.
Во моментов тој работи како чистач во средно училиште и добил дозвола да тренира во училишната фускултурна сала во паузата помеѓу смени.
Британката Наташа Пердју која на Олимписките игри се натпрваруваше во дигање тегови преку ден ги чисти кантите за ѓубре по улиците на Лидс.
Ленс Брукс, фрлачот на диск од САД е градежен работни, но за да заработи доволно пари за да ги покрие трошоците за тренинг и патувања кога се натпреварува тој е приморан да работи во смени и по 12 часа, а во викендите како вратар во дискотеки.
Освојувачот на два олимписки медали во веслање, Олаф Туфте од Норвешка работи како пожарникар, но таму не заработува доволно, па во слободно време продава земјоделски производи кои ги одгледува на својата фарма.
Хрватот Џовани Церногораз кој освои златен медал во стрелање работи како келнер во ресторан.
Австралискиот боксер Ибрахим Бала е водоинсталатер, џудистот Чи Јип Чеунг од Хонг Конг е пожарникар, веслачката Деби Капоци од САД продава сладолед, мечувалецот од САД, Рејс Имбоден е диџеј...