На минатите Олимписки игри во Пекинг, Американците им го препуштија првото место на листата на освојувачи на медали на домаќините, но овој пат тие си го вратија врвот.
Со вкупно 46 златни, 29 сребрени и 29 бронзени или вкупно 104 медали, САД е најуспешна држава на Олимписките игри во Лондон.
На втората позиција е Кина со 87 медали (38 златни, 27 сребрени и 22 бронзени), а трети се домаќините кои освоија 65 медали (29-17-19).
Најуспешен спортист е Мајкл Фелпс со вкупно шест медали (четири златни и два сребрени), а по пет медали освоија Миси Френклин, Алисон Шмит, Рајан Лохте и Алисија Коутс. По четири медали освоија пливачот Сун Јанг и гимнастичарката Алија Мустафина, а со по три злата се закитија Усеин Болт, Алисон Феликс и Дена Волмер.
Листа на медали:
1. САД - 46 зл. 29 ср. 29 бр. - вкупно 104
2. Кина - 38 27 22 - 87
3. Велика Британија - 29 17 19 - 65
4. Русија - 24 25 33 - 82
5. Јужна Кореја - 13 8 7 - 28
6. Германија - 11 19 14 - 44
7. Франција - 11 11 12 - 34
8. Италија - 8 9 11 - 28
9. Унгарија - 8 4 5 - 17
10. Австралија - 7 16 12 - 35