- Според анализата на текстовите и пораките објавени на интернет, најубава спортистка е Лерин Франко која се натпреваруваше во фрлање на копје, а била и прва придружничка на изборот за Мис на Парагвај. Најзгоден помеѓу натпреварувачите е пливачот Рајан Лохте.
- Заплакале 25% од жените кои освоиле медали и 8% од мажите. 16% од спортистите го бакнале и го гризнале медалот, а 44% од победниците ја пееле химната на својата земја.
- Најсложеното име го има Иранецот кој креваше тегови Saeid Mohammadpourkarkaragh (изговори го ако можеш!)
- Ако Мајкл Фелпс се натпреваруваше како посебна држава, тој со своите 18 златни медали ќе се наоѓаше на 37-та позиција на вечната листа на освојувачи на медали. Исто толку медали имаат освоено сите спортисти од Австрија и Етиопија.
- Јапонецот Хироши Хокецу со 71 година беше најстар натпреварувач на Олимписките игри. Тој се натпреваруваше во коњичките спортови.
- Дури 25 предлози за брак биле упатени преку големиот видео бим во олимпискиот парк каде илјадници луѓе секојдневно ги следеа спортските настани.
- Спонзорот Мекдоналдс бил споменат 3536 пати во медиумите за време на преносите.
- Најголема гужва во лондонското метро имало на 7 август кога патувале 4,5 милиони луѓе.
- Усеин Болт направи 41 чекор при соборувањето на олимпискиот рекорд на трката на 100 метри со време 9.63 секунди. Второпласираниот Јоан Блејк направи 46 чекори.
- Во Олимпиското село биле изедени 2,7 милиони банани.