На Олимписките игри во Лондон настапија вкупно 10.820 спортисти, а 23 од нив отворено се декларилале за хомосексуалци. 20 се жени, а тројца мажи.
Од овие 23 спортисти, 10 освоиле медали (43%), а дури 7 се закитиле со злато (33%).
На Олимпијадата беа доделени медали во 302 дисциплини, но некои од нив беа во тимски спортови, па вкупно 595 спортисти се закитиле со златни медали.
Тоа значи дека 5,5% од натпреварувачите добиле златен медал, што значи дека процентуално хомосексуалците освоиле шест пати повеќе златни медали.
Организациите за заштита на правата на хомосексуалците претпоставуваат дека на Олимписките игри во Лондон настапиле 160 хомосексуалци, но само 23 од нив имале храброст да ја кажат својата сексуална ориентација. Во голем дел од земјите кои настапија на Олимпијадата, хомосексуалноста е забранета со закон, а во седум држави хомосексуалците можат да добијат и смртна казна.
Помеѓу 23 хомосексуалци на Олимписките игри беа и четири членки на холандската репрезентација во хокеј на трева која беше прогласена за најзгодна репрезентација во Лондон.