Линда Алдред, бабата на британскиот олимпиец Сем Олдам во чест на неговиот починат дедо кој многу често ги посетувал кладилниците, решила да вложи 5 фунти на тоа дека нејзиниот внук ќе освои медал на Олимписките игри во Лондон.
Кладилницата Betfred и понудила коефициент 200 и нејзиниот внук и донел добивка од 1000 фунти откако освои бронзен медал во гимнастика. Но, кладилницата сега не сака да и ја исплати добивката затоа што Олдам го освоил медал во екипно, а не во индивидуално натпреварување.
„Среќна сум што Сем освои медал и не сум до толку загрижена за парите, но сепак добивката ќе ја искористев за да си купам авионски билет за Рио и да го гледам во живо на Олимписките игри во 2016-та година", изјави Линда.
Се очекува наскоро одговорните од Betfred да го сменат мислењето и да и ја исплатат добивката затоа што оваа вест бргу се рашири низ целиот свет и кладилницата доби негативен публицитет за само 1.000 фунти.