Дали Кастер Семења загуби намерно?
По доминацијата на трката на 800 метри на Светското атлетско првенство пред три години, победата на атлетичарката од Јужна Африка беше засенета со скандалот околу нејзиниот пол. Семења не се натпреваруваше цели 11 месеци додека не и беше утврден полот, а конечните резултати не беа никогаш објавени, освен информацијата дека таа е хермафродит без матка и јајници. Кастер Семења истрча многу опуштено на трката на 800 метри на Олимписките игри во Лондон, па сега сите се прашуваат дали таа можеби загуби намерно за повторно да не го привлече вниманието?
Дали шампионот во стиплчес прободе жена?
Олимпискиот шампион во дисциплината стиплчес, Езекиел Кебои од Кенија беше обвинет дека една недела пред да отпатува за Лондон, прободел жена за време на љубовен состанок. Кембои, кој инаку е полицаец, тврди дека тој е жртва на уценувачи кои сакаат од него да изнудат пари.
Дали ќе им бидат одземени медалите на оние кои признаа дека мамат?
„Сите го прават тоа" е оправдување кое не „пали" во школо, но очигледно успева на Олимписките игри. Шампионот на 100 метри делфин, пливачот Камерон ван дер Бург од Јужна Африка призна дека користел недозволени движења за време на трката со изговор дека ќе заостанел ако не го сторел тоа. Сепак Меѓународниот олимписки комитет не презеде ништо во овој случај, исто како и во случајот со Косуке Китаџима кој за време на ОИ во Атина 2004 беше обвинет дека ги користел овие недозволени движења.
Дали Делпополо ненамерно изеде колаче од марихуана?
Американскиот Џудист, Ник Делпополо беше исфрлен од Олимписките игри во Лондон откако неговиот допинг тест бил позитивен на канабис, но тој тврди дека без негово знаење изел колачиња со марихуана кои му ги подготвила негова роднина.
Дали се местеа бокс мечеви?
Веќе долго време се говори околу нерегуларности во боксот, но Иранецот Али Мазахери предизвика голем скандал за време на Олимписките игри. Мазахери беше дисквалификуван уште во втората рунда од мечот против боксерот од Куба по што тој обвини дека овој мече бил наместен, а поддршка доби и од неговата федерација. Интернационалната боксерска асоцијација ги отфрли обвинувањата и секако, мистеријата околу тоа дали овој меч бил наместен нема никогаш да биде откриена.