Цјан Хонгчан со 14 години е една од најмладите олимпијки во Токио. Таа заслужено ги доби највисоките оценки и со вкупен учинок од 466.20 поени го освои златниот медал. Зад неа заврши нејзината сонародничка Чен Јужи со 425.40 поени, а бронзата ја освои Мелиса Ву од Австралија со 371.40 поени.
Малолетната Хонгчан вели дека не треба да ја сметаат за чудо зошто не е баш така успешна во школо.
„Не мислам дека сум чудо. Не сум баш сјајна. Не ми оди добро во школо. Ме прашувате многу прашања а во мојот ум има празно место“, збунето одговорила Хонгчан која е најмлад член на најбројната делегација на Кина на Олимписките Игри.
Кинезите освоија дури шест од седум златни медали во сите дисциплини скокови во вода а жените издоминираа во сите четири дисциплини. Во Рио пред пет години Кина освои 7 од 8 злата во оваа категорија.