Не е никаква тајна дека покрај златен медал, олимписките шампиони добиваат и разни награди, одликувања и признанија. Нивните земји преку Олимписките комитети и федерации најчесто парично ги наградуваат.
Така во 2016-та година Метју Центровиц кој на САД им го донесе првото олимписко злато на трката од 1.500 метри уште од 1908-ма година, добил 25.000 долари плус огромни бонуси од неговиот спонзор Најк.
Во исто време, шампионката на иста дистанца во женска конкуренција, олимписката шампионка и од Рио и сега од Токио, Фејт Кипјегон, дома донела нешто повеќе од златен медал и пари.
Фејт била заслужна што нејзините добиле струја во нивното мало село Ндабибит. Нејзините родители немале можност да го гледаат историскиот настап на нивната ќерка во Рио де Жанеиро во 2016, па татко и Семјуел Кипјегон упатил молба до претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата да им воведат струја во селата. Претседателот на Кенија заедно со луѓето од министерството за енергетика веднаш реагирале и дошле во селото на Фејт Кипјоге.
Апелот бил уважен и во рекордни девет дена селото добило електрична енергија за да може да ја гледаат нивната хероина која има еден куп златни медали и шампионски титули ширум светот. Веќе во 2017-та ја гледале Фејт како освојува злато на Светско првенство и станува само една од трите жени во историјата кои ги обединиле златата во оваа дистанца.
The parents of Faith Kipyegon, 1500m Olympic Gold medalist will never miss a moment of glory thanks to Last mile pic.twitter.com/mMIoodRCSz
— Hon. Charles Keter, EGH (@ketercharles) August 26, 2016
Брзо реагирала и компанијата Самсунг која го снабдувала семејството на Фејт со телевизори со цел никогаш веќе да не ги пропуштат шампионските настапи на нивната ќерка која е светска ѕвезда.
CS Hon.Keter & PS Njoroge launch the Last Mile Connectivity project in Kilome Constituency, Makueni county. pic.twitter.com/RSjIyL7xiq
— Ministry of Energy (@EnergyMinK) August 24, 2016
Кенијската атлетичарка Фејт Кипјегон по златото во Рио каде блесна, потоа освои златен медал и на Светско првенство 2017 во Лондон, а во 2018-та родила ќерка.
Набрзо и се вратила на тартан стазата па во 2019-та му се израдувала на сребрениот медал на 1.500 метри на Светското првенство во Доха (има сребро и од Мундијалот во Пекинг 2015)
Во кариерата има уште златен медал од штафета 4х1.500 од Насау во 2014-та, злато од првенството на Африка во крос во 2014-та во Кампала како и злато од Глазгов 2014 на 1.500 метри.
„Му се заблагодарувам на Бог што ми даде толку прекрасна ќерка која го промени нашето село, и му се молам на Бог да и даде сила и добро здравје за да може да освои уште медали за Кенија“, изјавил Кипјегон.
Ќерка му летово во Токио повторно освои сјаен златен медал на трката на 1.500 метри и постави нов олимписки рекорд на 1.500 метри за 3.53,11: