ПРВПАТ ОВА ГО НАПРАВИЈА БРИТАНСКИ АТЛЕТИЧАРИ
Во 1991 година првпат спортисти решија да ги гризат своите медали. Репрезентативците на Велика Британија во атлетика, раскажале дека фотографите побарале од нив да направат нешто необично во кадар за позирањето по церемонијата доделување награди да биде поинтересно.
На овој начин го одбележија историскиот триумф кога сензационално ја победија Америка во трката 4х100.
После овој момент, многу други спортисти се сликаа на идентичен начин а велат дека гризењето медали најчесто им го сугерираат фотографите, не се решаваат тие сами на тоа.
Порано, на времето со помош на вкус можела да се дознае авентичноста на златото. Според некои историчари, гризењето медали почнало уште во средновековието. Тогаш пиратите така проверувале дали златните монети се вистински.
Како прилично мек метал, на драгоценото злато може да останат траги од заби. За споредба, златото има тврдина од 2,5, среброто 2,7 а платинот 4,3.
Од 1912 година па наваму победниците во сите големи натпреварувања добиваат медали кои содржат околу 7-8% злато а се останато е сребро. А среброто како што пишавме е потврдо од злато.
МНОГУ ЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ СКРШИ ЗАБ
Во 2010 година германскиот боб-санкач Давид Мелер кој освои сребро на Олимпијадата во Ванкувер толку силно ја гризнал медалата што си скршил заб.
Непријатности со гризење медала при церемонијата имало и на други турнири. Во 2012 година бразилскиот џудист Фелипе Китааи кој освоил бронзен медал на Олимпијадата во Лондон во тежина до 60 килограми, толку силно се врзал со наградата што дури и се туширал со медалата. Притоа го оштетил металниот обод на кој стоела лентата поради што веќе не можел да го нсои.
Решил да им пише на МОК со барање да ја замени медалата па му дале нова.
На Олимпијадата во Лондон ги врачувале најскапите медали во историјата на спортот, златниот медал чинел околу 708 долари.