Стручните коментатори сметаа дека атлетичарите во оваа дисциплина тешко во долгедно време ќе можат да го прецртаат досега најдоброто време под 46 секунди, но утрово Вархолм во Токио трчаше „побрзо од ветрот“.
Олимпискиот првак кој се закити зо златниот медал (прво олимписки злато за него) ја истрча дистанцата од 400 метри со пречки за 45.49 и постави нов светски рекорд (за седум десетинки подобро време од досегашниот негов рекорд кој го постигна на 1. јули во Осло - 46.70). Претходно светскиот рекорд цели 29 години го држеше Американецот Кевин Ханг кој истрчал 46.78 на Олимпијадата 1992 во Барселона.
Среброто му припадна на Рај Бенџамин од САД кој истрча исто подобро време од претходниот светски рекорд на Вархолм, а бронзата ја освои Алисон дос Сантош. И двајцата поставија нови рекорди на нивните континенти.
This man Karsten Warholm just ran 45 seconds in the 400 meter hurdles!!!!
— Emmanuel Acho (@EmmanuelAcho) August 3, 2021
45 seconds in 1 lap… OVER HURDLES!!
New world record! #Olympics pic.twitter.com/ZdRhZdv8GJ
25-годишниот Карстен Вархолм одамна доминира на оваа дистанца. Има две злата на светски првенства (2017, 2019), европски шампион е од 2018-та, а освои и прво место во вкупниот поредок во Дијамантската лига 2019.
На својата втора Олимпијада во кариерата, Вархолм пристигна како тотален фаворит. Во Токио тој ја креваше формата од трка во трка: 48,65 во квалификации, 47,30 во полуфинале и на крај 45,94 во финале!
„Искрено ова е еден од најневеројатните светски рекорди и јас сум сигурен дека нема да доживеам подобро време. Овој резултат е во рангот на оние 100 метри на Јусеин Болт“, вели Колин Џексон, некогашен светски првак во дисциплината 110 метри со пречки.
А неверојатниот Норвежанец Карстен Вархолм изјави:
„Ова е лудо! Без сомнеж најважен момент во мојот живот. Сонував за ова како манијак. Не можев да спијам, поминав часови и часови мислејќи на ова. Сите зборуваат за олимписко злато. Знаев дека оваа трка ќе биде најтешка во мојот живот. Но бев спремен.Долго време ме прашуваа дали постои совршена трка, а јас мислев дека не постои такво нешто. Но ова сега е нешто најблиску до тоа“.
I knew they were gonna have to beat the WR to win, but BOTH SHATTERED the WR!!! Karsten Warholm 45.94 and @_Kingben_ 46.17!!! Best race ever!!! #Tokyo2020 #Olympics 🇳🇴🇺🇸 400m H
— Tim Dennis (@TDennisSportTog) August 3, 2021
Three of the four fastest times ever ran!! Dos Santos 🇧🇷 46.72!! 🔥🔥🔥🔥 OMG!! pic.twitter.com/t4LzZOMDcX