Карстен Вархолм постави нов светски рекорд на 400 метри со препони кои ги истрча за 46,70 секунди што е за осум стотинки побрзо од рекордот на Американецот Кевин Јанг од пред 29 години.
Верувале или не, овој рекорд на Јанг беше најдолговечниот рекорд во тркачките дисциплини а поставен е цели четири години пред Карстен Вархолм да биде роден.
Oh my Lord... #warholm @kwarholm @Diamond_League #worldrecord
— Loic Malroux (@loic415) July 1, 2021
Breaking Kevin Young's WR (46.78) that had stood for nearly 30 years since Barcelona 92! 😶
🔜 Monaco next week vs Rai Benjamin is gong to be 🔥💀💪😍... pic.twitter.com/Ff3rcg9QTx
25-годишниот Карстен Вархолм е двократен светски првак и досегашен европски рекордер. Тој на фамозната трка со 47,87 секунди го победи Бразилецот Алисон дос Сантос кој пак со 47,38 постави нов рекорд на Јужна Америка во оваа дисциплна.
„Знаев дека во своето тело имам брзо време. Можеби ќе треба повторно да се истрча светски рекорд за да се освои олимписко злато летово“, изјавил младиот Карстен Вархолм од Норвешка.
Трет на крајот заврши Турчинот со кубанско потекло Јасмани Копељо кој истрча 48,86. На календарот на Дијамантската лига има уште три етапи до стартот на Олимпијадата во Токио: Стокхолм (4 јули), Монако (9 јули), Гејтсхед (13 јули)