„Да бидам искрен повеќе беше кладба со мистер (тренерот) Болки. Недела дена пред мечот, игравме една пријателска против воениот тим. На голот стоеше Маркеџани и јас пробав рабона. Што не ми испонакажа голманот кога пробав а јас му реков „ти глеј си ја голманската работа, а јас напаѓачката“. После тренерот Боки се налути на мене во соблекувалната и ми се дереше дека не сум имал почит. „Шефе, јас имам почит за сите, ама ако дојде до пенал во недела пак така ќе шутирам“. И дојде недела и шутирав“, раскажал еднаш Пачоко за Бонџорно Реџина.