Таг: рабона

Го видовте ли Хрватот што им направи на футсал?

Паралелно со Европското во ракомет, во Холандија се одржува ЕП во футсал. А таму сите го величат Матеј Хорват кој на средбата Хрватска - Полска, конечни 3:1 ја понижи одбраната со се голман, па уште и со рабона ја заврши. Мајсториште.

Бразилски пас за кој сите зборуваат во Бундеслигата

Не е секој играч кадарен да може вака неприродно да ги вкрсти нозете и да направи ваква совршена рабона. Погледнете го 21 годишниот Бразилец Матеус Куња од Херта. За ова треба тренинг, но и спонтаност. Ај што му ја даде, него и топката се уштека во место баш кога требаше.

Голот на сезоната во Кина е нешто посебно

Сме виделе многу рабона додавања низ фудбалските терени, ама ретко кој е умешен со овој атрактивен и акробативен потег да ја закова топката во гол. Израелецот Еран Захави заслужено го доби признанието за гол на сезоната во кинескиот фудбалски шампионат. 

Реџо Калабрија и Реџина и после 30 години го памтат овој гол

Еден од најлегендарните моменти од клупската историја на Реџина (ви текнува на некогашниот прволигаш во Серија А од јужниот град на 'штиклата'), е еден пенал од Рикардо Пачоко, изведен на денешен ден во 1990-та година. Играле Реџина - Триестина (2-1) и Пачоко постигнал гол од пенал со рабона.

Најдобриот гол со рабона некогаш виден

На денешен ден, 7. мај пред 13 години, на меч од шведската лига меѓу Еребро и ИФК Гетеборг (0-4) Перуанецот со шведски пасош Андрес Васкез постигна гол кој ги фрапирал сите гледачи.

Не е рабона сè што лета

Пеколно дерби на градот Бирмингем: Астон Вила против Бирмингем, Дејвид Дан сака да направи рабона и да испадне шмекер, ама нешто не му тргнува по планот како што замислувал.

А лажна рабона?

Он тоа намерно или па не му успеа? Со оглед на тоа дека се работи за Алексис Санчез ова треба да е само трик као на божемски ќе ја додава со рабона потег.

Како бе дете ти успеа ова?

Рабона ударот е многу тежок за изведување или само така изгледа? Ајде за мајсторите јасно е дека не им е проблем, ама детево од норвешка петта лига? Па уште од 20 метри.

Многу чалам не е на арно

Џонатан Калери од Депортиво Алавес требаше да го има голот на сезоната во Ла Лига, ама се претвори во трагичар на мечот Жирона - Алавес кој заврши 1:1. Ова и вака е ремек дело, а камо ли да влезеше. Кај со рабона, па уште и кроз нозе. Жирона - Алавес конечни 1:1.

На 6:6 голманот зема да изводи

Токму така, резултатот е 6:6 во натпревар од 4-та норвешка лига, а голманот е зелен во паметот со овој крајно глупав, несмасен и непотребен рабона потег.

Ве поздрави Рикардињо со голов

Не дека он него се очекуваат нормални голови, ама па како си се намести како рабона ударот да е најобична и најлесна работа во фудбалот. Интер Мовистар - Елпоцо Мурсија конечни 5:2 во шпанскиот Супер Куп. Одиме со моментот на мечот.

Рабоната која го претумба стадионот на Бока Јуниорс

Во 52’ минута од мечот Бока Јуниорс - Килмеш, шпицот Џонатан Калери го постигна можеби најубавиот гол на легендарниот стадион Бомбонера во Буенос Аирес.

Двата гола на Рома кои се гледаат повеќе од еднаш

Рома славеше убедливо со 4:1 против Виторија Плзен, а публиката уживаше во две ремек дела. Рабона на Аргентинецот Диего Пероти и мајсторија на Босанецот Един Џеко.

И вака можело

Имаш ситуација на празен гол бидејќи си го минал голманот и кога мислите дека детево си го искомплицира животот што не шутна одма, ќе ве изненади.

Судан ќе ви покаже нешто со рабона удар

Овој специфичен вид на шут кога го гледате колку е тежок за издвојување си мислите како некој не се заплеткал до сега со нозете. Ма какво заплеткување, гледајте го дечково од Судан од каде успеа да даде гол.

Рабоната на Лоран Косшелни

Навикнати на неговите дуели, остри стартови но и киксови, не бевме спремни да се обложиме во техничката поткованост на Лоран Кошелни. Французинот го докажа спротивното.

Гол со рабона кој ги поместува границите во фудбалот

Ерик Ламела од Тотенхем со рабона удар го даде најубавиот гол минатата сезона во Лига Европа. Специфичниот шут до совршенство го има извежбано анонимусов кој се дрзна да се испроба од корнер.

Историјата на Рабона потегот

Голот на Ерик Ламела за Тотенхем против Астерас во ЛЕ ги наполни медиумите кои го величаа Аргентинецот, а пред него потегот го користеа Пеле, Роналдо, Ди Марија...

Рабона мајсторија

Ваквиот велемајсторски начин на постигнување гол од пенал ретко се гледа на фудбалските терени. По Јан Кулокорпи од Финска, популарниот „Рабона“ удар му успеа и на 42 годишниот Жалмина на футсал мечот помеѓу екипите на Фламенго и Флуминезе

Пеналџија прва класа

Јан Кулокорпи на предсезонски турнир во Финска, покажа мала мајсторија и постигна гол од пенал со „рабона“ удар.