Последен комичен и апсолутно епски случај со ова правило се случил во турската трета лига. Во 90’ минута домаќинот Ушакспор водел 2:0 против Ерџен Велимеше. Но тогаш почнал циркусот:
Во последната минута од мечот судијата свири пенал за гостите. Голманот на Ушакспор, Ерсин Ајдин го брани ударот и ја одбива топката во корнер. Но линискиот судија сигнализира дека голманот бил излезен од линијата.
Судијата го вратил пеналот а голманот добил жолт картон.
Ајдин го брани и вториот пенал, но линискиот судија повторно сигнализира неправилен голмански став, односно дека Ајдин пак излегол пред линијата. На главниот судија веќе му прекипува и му дава втор жолт и автоматски црвен картон на голманот Ајдин. И решава да пеналот одново да се изведе.
И на гол за домаќниот ракавици облекува стоперот Левент Актуг. И пазете чудо - го брани третиот пенал! А линискиот судија овојпат нема замерки.
3 лига Турции.Ушакспор-Велимешеспор.Счет 2-0.90 мин. Судья назначает пенальти в ворота хозяев,вратарь отбивает.Судья показывает ему ЖК,просить перебить.Вратарь снова отбивает.Судья показывает ему 2-ю ЖК,удаляет, просит перебить.В ворота встает защитник,который отражает пенальти. pic.twitter.com/RXvNDZ4SvK
— Elvin Kerimov (@elvis_kerimov) January 20, 2020
Madness in the Turkish second tier 😲
— Goal (@goal) January 20, 2020
Usakspor keeper Ersin Aydin saves a 90th min pen 💪
But he's booked for coming off his line 😖
Pen retaken... saved! 😎
He's booked again for leaving his line! Sent off! 😡
Defender Levent Aktug goes in goal... 🙄
Saved yet again! 🤯 pic.twitter.com/GAWQLSFiGU
Тренерот на домаќинот Ушакспор после мечот изјавил дека никогаш во живот не видел нешто слично.