Правилото според кое сезонава ќе гледаме многу повеќе пенали во Премиер лига

Англиските критичари остро ги нападнаа новите критериуми за пенал од игра со рака. На Серија А тие ланска сезона и донесоа 57 удари од бела точка, на Ла Лига 48, а Премиер лига имаше 19 ама тераше по старо. Од оваа сезона ако сакаат помалку пенали, рацете на газ.

Прво и основно е важно да се знае дека владетелите на фудбалот го заострија правилото на играње со рака, дефинирајќи ја границата меѓу рамото и раката на дното на пазувите.

Сè под тоа е игра со рака, намерно или не, не е важно.

Од технички аспект ова не е ново, затоа што минатата сезона веќе стапи на сила низ цела Европа, освен во Премиер лигата кои сега кукаат што ќе мора да се навикнат на правило кое всушност оди на штета на дефанзивците кои во пракса ќе прават повеќе пенали. Освен ако не се навикнат.

Правилото се состои во тоа што скоро секоја игра со рака во шеснаесетник судиите ќе ја толкуваат како пенал и ќе го нема она „немаше намера“.

ПЕНАЛ ЌЕ СЕ СУДИ:

- Кога раката е одлепена од тело или е надвор од линијата на телото.

- Кога играчот јасно се наведнува со рака на патот по кој се движи топката.

- Топката ја допира раката кога е јасно подигната над рамото.

- Играчот паѓа и раката се протега странично или вертикално.

- Ако случајно ја удри топката со рака и потоа постигне гол или пак се создаде можност за постигнување гол.

ДАЛИ СЕКОЈ КОНТАКТ НА ТОПКАТА СО РАКА ЌЕ БИДЕ ПЕНАЛ?

Не. Исклучоци се:

- Ако топката удри во рака откако ќе се одбие од неговата глава или од тело

- Ако играчот падне и ако ја држи раката на терен за да се задржи.

КОИ ГИ НОСИ ПРАВИЛАТА И КАКО СЕ МЕНУВААТ?

Задолжен за правилата на игра е Одборот на меѓународната фудбалска асоцијација (Ифаб). Ова тело е сочинето со претставници од секоја фудбалската асоцијација на Велика Британија и од ФИФА. Секоја британска асоцијација има по еден глас, а ФИФА има четири гласа. Измени се прават со три четвртини од гласовите.

ЌЕ ИМА ЛИ ПОВЕЌЕ ПЕНАЛИ?

Статистиката сама кажува. Во првите три недели од минатата сезона немало ниту еден пенал поради игра со рака, а сезонава веќе има шест од вкупно 20 досудени. Значи 30% од пеналите оваа сезона се поради играње со рака, а претходно највисок бил процентот од 21% во сезоната 2008/2009.

Во другите првенства исто така скокна бројот на пенали од игра со рака. Во Серија А од 37 на 57, а во Ла Лига од 35 на 48. Во Германија исто така имаше пораст, но потоа играчите почнаа да се прилагодуваат.

РЕАКЦИИ

Џејми Карагер

„Ова е апсолутна срамота. Апсолутна шега. Ерик Даер скока за топката, нема контрола каде ќе бидат неговите раце, топката го удира во задниот дел од раката и тој не знае што всушност се случува. Ова е шега. Без разлика дали станува збор за Премиер лига, ФА, ФИФА, Пјерлуиџи Колина, кој и да е вклучен во ова запрете го, затоа што го уништувате фудбалот за сите. Имате повеќе проблеми во вашите раце. Променете го ова веднаш“.

Мартин Самуел

„Само надреално опкружување може да излезе со вакво правило и само комичен лудак би досудил пенал како оној последниот против Ерик Даер. Штета што Мурињо потоа избра да не зборува. Тој е интелигентен човек и интелигенцијата деновиве многу недостасува во хиерархиите на фудбалот. Крај на контроверзите требаше да стави ВАР“.

Гери Невил

 

29 септември 2020 - 14:11