Таг: игра со рака

Бурни реакции што се свири секој контакт со рака, УЕФА би ги вратила старите правила

Новите правила за контактот со рака ги донесоа во 2019-та и тогаш изгледаа сосема добри и коректни за сите. Но како проаѓа време, и тренери и играчи и навивачи, сакаат да се вратат на старите правила.

Правилото според кое сезонава ќе гледаме многу повеќе пенали во Премиер лига

Англиските критичари остро ги нападнаа новите критериуми за пенал од игра со рака. На Серија А тие ланска сезона и донесоа 57 удари од бела точка, на Ла Лига 48, а Премиер лига имаше 19 ама тераше по старо. Од оваа сезона ако сакаат помалку пенали, рацете на газ.

Иновативен кошаркарски дриблинг, ама во фудбал

Го знаете ли вие Бонџи Нтули од јужноафриканскиот клуб Амазулу? Баталете го и неговото, а и името на клубот бидејќи секако нема да ги запамтите. Поентава е да видите што сè успеа типов да направи за 5 секунди во шеснаесетник, а да “не го видат“.

Тројца судии ја видоа играта со рака и пак ништо

Освен што ќе жалат поради шансите, Баварците ќе се нервираат што не се во финале и поради контроверзното судење на Бернабеу. Главниот судија Чакир и уште два негови помошници гледаат дека Марсело игра со рака во шеснаесетник и никој не реагира.

За овој голман шеснаесетникот е 18 метри

Не се само приказните од нашите селски лиги за терање сеир, дека кога треба да тепа домаќинот се суди пенал и за прекршок на средина на терен. Во тоа арапските земји судиите се направија при очи слепи. Или е местена или кај нив има други правила.

Рамос се претвори во Гордана Нацева, камо пенал?

По само 14 минути игра на дербито на вечерта меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид требаше да има удар од 11 метри, бидејќи Серхио Рамос на пола метро од гол линија играше со рака. Европскиот првак славеше 1:3, ама со евентуално водство на Борусија, натпреварот ќе фатеше друг тек и кој знае како ќе завршеше. Судии? ВАР? Каде е проблемот? 

Да ти е жал да ги поништиш головиве

Колку пати ви се случило некој еврогол да ве стане од фотељата, а потоа да кревате раце и да го пцуете судијата што го поништил поради офсајд? Еве ги најубавите голови поништени од разни причини.