Бурни реакции што се свири секој контакт со рака, УЕФА би ги вратила старите правила

Новите правила за контактот со рака ги донесоа во 2019-та и тогаш изгледаа сосема добри и коректни за сите. Но како проаѓа време, и тренери и играчи и навивачи, сакаат да се вратат на старите правила.

И покрај тоа што новите правила се кристално јасни, пак има спорни моменти. Последен пример беше мечот меѓу Челси и Рен во Лига на шампиони. По шутот на Теми Абрахам, топката прво го удри

Фудбалерот на Рен доби втор жолт, црвен картон, а Челси пенал. Далберт немаше никаква шанса да избегне контакт со топката во рака.

Во новите правила е пропишано дека рикошетите не треба да бидат проценети како пенал, но ако раката е крената над рамото, веќе не е важно дали е рикоше (одбиена топка/шутната во рака) или не.

Тренерите и играчите кои најмногу беа погодени од овие правила, ги критикуваат истите во медиумите. А сега им се придружи и шефот на УЕФА, Александар Чеферин.

Словенецот во отворено писмо до првиот човек на ФИФА Џани Инфантино, вели:

„Се случува прилично често топката случајно да погоди во рака некој од играчите. Со оглед на тоа што ваквите ситуации се неизбежни, не би требало да бидат казнувани и така би се избегнало нарушување на самата игра, дури и би се спречиле спорните ситуации кои одлучуваат за крајниот резултат“, вели Чеферин.

Претседателот на УЕФА во изјава за Асошијетед прес додава:

„Духот на играта мора да биде сочуван во секој момент. Верувам дека враќање на старото правило, можеби со прегледувана и интегрирана одредба која не дозволува постигнување гол со рака, е опција која треба да се земе предвид“.

УЕФА нема никаква надлежност за менување на фудбалските правила, тоа е под јурисдикција на ФИФА која што го контролира Меѓународниот борд кој носи такви одлуки. Затоа Чеферин апелирал до ФИФА што поскоро да го врати старото правило според кое за секоја „пуцана“ топка во раката на противникот не би се свиреле пенали.

Раката како дел од телото, динамично се употребува во спортот и движењето на рацете е неопходно за задржување на балансот и избегнување повреди. Постојат многу случаи кога одбранбените фудбалери се принудени интуитивно да кренат раце со цел да избегнат ризик од повреди кога некој би им шутнал во лице, стомак, или кој било друг дел од телото. Пред се поради рамнотежата.

Очигледно е дека правилата не ги постигнаа своите цели и треба да бидат одново разгледани.

За тоа е задолжен ИФАБ (Меѓународен совет на фудбалски асоцијации).

А Џани Инфантино на темата рекол:

„Како што добро сте забележале, ние треба да бидеме посветени не само на потенцијални измени во правилата, туку и на нивна екефтивност“.

10 ноември 2020 - 14:42