Иновативен кошаркарски дриблинг, ама во фудбал

Го знаете ли вие Бонџи Нтули од јужноафриканскиот клуб Амазулу? Баталете го и неговото, а и името на клубот бидејќи секако нема да ги запамтите. Поентава е да видите што сè успеа типов да направи за 5 секунди во шеснаесетник, а да “не го видат“.

1.Издрибла играч со рака, ама онака апла како да е Лука Дончиќ.

2.Судијата тоа не го виде или можеби се направи дека не го виде.

3.Изглуми пенал.

4.Судијата го свирна, а овој даде гол.

Unbelievable

25 февруари 2019 - 12:21