Таг: јужна африка

Попрво во Јужна Африка ќе падне снег, него кај нас

Во последниот баг во матриксот делови од Јужна Африка се под сериозен снег, кој, што сакаш збори за нив, ама оправдано ги фати неподготвени. И власти и народ и лавови и жирафи.

Арапски коментатор ја пееше мундијалската химна на Шакира за време на последниот пенал

Зеленортските острови го изведуваат последниот пенал против Јужна Африка во четвртфиналето кој ќе го промашат и ќе загубат со 2:1. Коментаторот го пее хитот на Шакира од СП Јужна Африка 2010. Каков цар.

Историски подвиг на голманот на Јужна Африка со 4 одбранети пенали вредни полуфинале

Африканскиот Куп на нации влегува во самата завршница на спектакуларен начин. Ронвен Вилијамс направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг голман, па дури ни на Европско и Светско првенство.

Европа се барикадираше по новата варијанта на ковид откриена во Јужна Африка

По неполни 100 случаи на заразени од Б.1.1.529 варијантата на ковид-19 во Јужна Африка, речиси цела Европа забрани дојдовни летови од Јужна Африка, а по пат и од неколку други африкански држави.

Невозможно поради каков пенал Јужна Африка остана без бараж за Светско

Африканските квалификации за Мундијал 2022 достигнаа кулминација. Во последното коло од групната фаза Гана и Јужна Африка играа за прво место во групата и мечот го реши Андре Ајо од пенал кој Гана го доби сосема неправедно.

Место да влезе со топка во гол, тој едвај ја погоди и се посрамоти

Евиденс Макгопа од Јужна Африка го направи најнереалното фудбалско промашување оваа година, откако се ушепртља пред гол без никој да му смета. Среќа што неговите дадоа гол во 83-та минута за победа против Гана во мундијалските квалификации.

Најдобриот шутер на планетава е од Ј.Африка и нејќеш да му браниш од далеку

Секоја чест на тоа што ни го оставија на Јутјуб Жунињо, Роналдо, Хулк и други такви ликови со катапулт ударци, ама ние му се поклонуваме на професор доктор Хломпо Кекана кој треба да држи часови по предметот „Како се шутира јако од далеку“.

Судија бркан со џип на сред терен во Африка

Ние сме мислеле дека во балканските трети лиги има сè и сешто на фудбалски терени, ама во Јужна Африка се дефинитивно полуди. Некој цреп бил изиритиран од судиски одлуки, па решил да го брка со џип по цел терен.

Така, работи си ги

Кајзер Чифс е 9-кратен шампион на Јужна Африка и еден од најтрофејниот на тамошниот континент. На еден меч против Платинум Старс, при водство од 4-2 толку многу го омаловажија противникот што видеото стана вирално.

И Јужна Африка има ново ракетно оружје

Седум минути фудбал на мечот Мамелоди Сандоунс против Кејп Таун Сити во првенството на Јужна Африка, и Хиомфо Кекана распали една ракета каква што не се гледа редовно на фудбалските натпревари.

Голманче, не се радувај пред време

На младинскиот турнир Future Champions во ЈАР, младинците на Спартак Москва и Орландо Пајретс играле 1:1 па се отишло на пенали. А таму Русинот Влад Шитов и голманот Блејк Франзен имаа интересна дешавка.

Од Нокиа 5110 да не им ја пуштавте химната?

Јужна Африка во последното коло од квалификациите за Афиканскиот Куп славеше на гости кај Либија со 2:1. Пред мечот одеше химната, па не одеше, па одеше па пак не одеше, па свирежи. Да ти е глупо да го изгледаш до крај видеово.

Што дриблинг е сега па ова?

Кој би рекол дека во Јужна Африка ќе видиме ваков чудесен и до сега невиден потег еден на еден. Не само што успеа вака мангупски да му ја протне низ нозе, туку кутриов на крај ја проба и тревата. И после како да не се смејат коментаторите.

Иновативен кошаркарски дриблинг, ама во фудбал

Го знаете ли вие Бонџи Нтули од јужноафриканскиот клуб Амазулу? Баталете го и неговото, а и името на клубот бидејќи секако нема да ги запамтите. Поентава е да видите што сè успеа типов да направи за 5 секунди во шеснаесетник, а да “не го видат“.

Кутињо ќе љубомори на голов

Вусимузи Мнгомезулу е име од Јужна Африка кое веројатно нема и не мора да го запамтите. Важно е да му го видите евроголов ала Кутињо. Еднаш во кариера се случува вакво совршенство од удар со кој нема шанси голманот.

Финта на колото во Африка

На мечот меѓу Мамелоди Сандоунс и Полокване Сити, Тема Зване го испружи на земја противничкиот играч Бафана Бафана.

Иниеста сакал да го пропушти Светското на кое ѝ донесе злато на Шпанија

Во еден од најтешките периоди од животот кога мислел дека сè околу него е темно, Иниеста дознава дека неговиот добар другар Даниел Харке - капитен на Еспањол, умрел по срцев удар. Му се руши светот но решава да се бори и дава гол во финале на Светско.

Да не верува човек какви хулигани имало во Африка

Ај во Европа знаеме дека постојат багра пијани стоки кои одат на фудбал со цел да ги истресат своите фрустрации. Ама дека во Африка имало така изразен хулиганизам на фудбал не сме верувале.

Тенисерот кој се дружел со Мандела, освоил Вимблдон и умрел од СИДА

Во време кога Афро-американците не смееле да одат на јавни места, им било забранувано да посетуваат кина, театри, ресторани, еден млад човек решил преку талентот за тенис да се избори со расната нетрпеливост.

Најлудиот фудбал на Земјината топка се игра во Африка

Неодамна пишавме за наградата 5 гига Интернет што ја добива најдобриот играч на мечот во едно африканско првенство, но тоа и не е така лошо ако се види што сè не се случува во тамошниот фудбал.

Какви награди им делат на најдобрите играчи во Јужна Африка

Имаше таму едно Светско првенство во 2010-та кое го паметиме по тики-така играта на шампионот Шпанија, вувузелите и химната на Шаќира, ама има и доста вредни награди за најдобрите фудбалери за кои човек би помислил дека им ги даваат на мајтап.

Тоа бе дебели, насмеј ја малку публиката

И Јужна Африка држи навивачи кои го сфаќаат фудбалот онака како што треба, а тоа е забава. Добро што и тренерот не се погоди некој намќор, па му даде насоки на навивачот како понатаму. 

Во Африка ќе се преигра квалификациски меч поради судиска грешка

Чиновниците на ФИФА во средата објавија историско решение - за првпат во историјата еден меч од квалификациите ќе се преигра повторно.

А ќе речеш Стоичков не знае англиски

Бразилецот Жоел Сантана е човек кој во кариерата бил тренер на 19-ина места а светот го дозна во 2008-ма кога беше селектор на Јужна Африка и даваше интервју на англиски. Пази, на англиски.