Пред да ги гледате фотографииве и видеава тргнете ги децата од пред мониторот.
Еден од најдобрите и најтрофејни клубови во Јужна Африка, Кајзер Чифс сензационално изгубил во Купот на Јужна Африка 0:2 од Фри Стејт Старс.
По крајот од мечот бесните навивачи на поразениот Кајзер Чифс ја срушиле оградата, влегле на терен и рушеле се што им се нашло на пат. На една трибина предизвикале пожар, ги урнале камерите за телевизиски пренос и ги прекршиле редарите.
Најдебелиот крај го изеле стјуардите кои едвај спасиле жива глава
Играчите бегале исплашени во подтрибинскиот простор
На крајот дошла специјална полиција и со солзавец и шок бомби ги растерала разулавените хулигани
На почетокот на минатата недела клубот Кајзер Чифс бил казнет со 250.000 ранди (околу 20.000 долари) поради инцидентите предизвикани од нивните навивачи. Мечот против Фри Стејт Старс бил последна шанса за трофеј за Кајзер Чифс но испаднале од Купот.
Повеќе за лудиот фудбал во Африка тука.