Таг: јужна африка

Рагби потег на сезоната

Моментов е за оние тв квизови каде имаш неколку сегменти од сложувалка и треба да погодиш во која насока ќе оди топката во продолжение на видеото. Па ќе погоди никој никогаш.

Судијата кој измисли пенал на квалификациски меч за Светско доби клоца од ФИФА

Џозеф Лампеј може слободно да ја соблече судиската униформа и да заборави на судењето, бидејќи Светската куќа на фудбалот му изрече доживотна суспензија за глупоста што ја направи лани.

Луда голманска ножичка во 95-та минута

На мечот Барока - Пајртс во првенството на Јужна Африка, домашниот голман Оскарин Масулуке направи тотално неочекуван потег за големо славје на цел стадион.

Му даде жолт картон затоа што изведуваше глупости

Па дури и ако судијата ги прекршил правилата на фудбалот, никој нема да му замери поради тоа што му даде жолт картон на Сипо Моети од Јужна Африка затоа што при водство од 3:0 на неговиот тим, тој го понижуваше противникот со глупаво однесување.

Врти, сучи, не можат со неа никако

Иронијата на привилегираните атлети со нивните нутриционисти, физиотерапевти и спортски психолози оди до таму што тие покажуваат со прст кон оние кои се непобедливи  и измислуваат приказни за нив.

Афирмативно глупав голман

Глен Вербаухд кој брани за Марицбург Јунајтед, клуб од Јужна Африка е дефиниција за луд голман кој не знае каква глупост попрво да направи. И не му е првпат што е најстрашно.

Чувај се - ној на патот

На една од најдолгите велосипедски патеки во светот, Кејп Аргус во Јужна Африка која што се наоѓа во близина на океанот, велосипедисти се спремаат за главната трка кога наеднаш им излегува ној и трча по нив колку што го држи снага. Во еден момент тркачите возат и 70 км/на час.

Соблекувалната на Мидтјиланд после победата

Додека многумина гужваа и кинеа тикети, а богами и нерви, фудбалерите на Мидтјиланд особено оние од Африка знаеја како да го прослават историскиот триумф. Данската екипа синоќа играше првпат после месец декември.

Уште ова не сме го пробале

Градоначалничка од Јужна Африка понуди стипендии за студентки. Единствен услов е да останат невини.

Ќе го пратиме локалецов на Инстаграм

Голманот на Јужна Африка, Итумеленг Куне објави две видеа од еден фудбалски терен или обид за фудбалски терен. Позитивно на видеата е еден мангуп кој им продава стварно добри финти на противниците. Го има и него на Инстаграм со уште такви видеа, а вистинското име му е Sibusiso Msibi и има 21 година. 

15 години ќелија за Писториус?

Апелациониот суд во Блумфонтеин ја уважил жалбата на јавниот обвинител кој побара преиначување на претходната пресуда и сега Јужно-африканскиот атлетичар би можел да биде осуден на 15 години затвор.

Либромат: мешавина на перална и библиотека

Не дека родителите не сакаат да им читаат на своите деца, но едноставно се презафатени за да го прават тоа. Дури и да остануваат дома, голем број мајки не можат глава да кренат од перење, готвење и чистење. А што ако некој им овозможи јавни перални, во комбинација со читална?

Африканско фудбалско робје во Азија

Малолетни фудбалери од западна Африка се пренесуваат во Азија каде потпишуваат договори и веруваат дека ќе заработат поголем трансфер, а живеат во мизерни услови без никаква заработка и дозвола за престој.

Долга прослава на гол не е на арно

Фудбалерите од Јужна Африка честопати знаат да заглават предолго со прославување на голови и да прават салта и разни танци. Тоа се покажа ризично и неисплатливо кога се сретнаа две екипи од Замбија и Мозамбик.

Ебола го откажува Купот на Африка и клупското првенство

Мароко одлучи да крене раце од организација на Купот на Африка 2015, по што ФКА ќе решава дали тој ќе се игра воопшто во јануари. Загрозено и Светското клупско првенство, кое треба да се игра во декември во Рабат.

Африканскиот Роберто Карлос

Сибусио Кумало кој настапува за јужноафриканската екипа Суперспорт Јунајтед докажа дека можело да се повтори проектилот на Карлос. Со оваа неодбранлива бомба 24 годишниот дефанзивец дефинитивно заслужува да се најде во оваа листа која направивме овој месец.

Ова е вистински настан

Снимка од 90-те од акција на Јужно-африканските специјалци за спречување вооружен грабеж. Некаде после средина почнува холивудска акциона сцена.

Јужна Африка се врати во игра за мундијалот

Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2010 година неочекувано се врати во живот и има уште шанса за пласман на Мундијалот во Бразил благодарение на глупата грешка на Етиопија.

Еве како Бафана Бафана остана без Мундијал

Домаќините на минатото Светско фудбалско првенство се дефинитивно големи малери. При резултатот 1:1 на мечот против Етиопија, Бернард Паркер го постигна овој трагичен автогол кој не се бранеше, а тоа значеше збогум Бразил 2014.