15 години ќелија за Писториус?

Апелациониот суд во Блумфонтеин ја уважил жалбата на јавниот обвинител кој побара преиначување на претходната пресуда и сега Јужно-африканскиот атлетичар би можел да биде осуден на 15 години затвор.

Олимпискиот атлетичар Оскар Писториус ќе биде суден за убиство, а не за убиство од небрежност на неговата девојка на 14 февруари 2013. година (Денот на Валентин), откако четири пати пукал во неа преку затворената врата од тоалетот во неговиот дом во Преториа. Атлетичарот се бранеше дека мислел дека се провалници и дека пукал од небрежност.

Писториус во моментов е во куќен притвор каде помина една година од неговата првична казна која изнесуваше 5 години. Писториус ќе мора да се врати во затвор каде ќе ја издржува правосилната пресуда.
 
Многу светски организации кои се борат против насилство на жените соопштија дека правдата конечно е задоволена, затоа што по долгото судење Писториус минатата година беше осуден за убиство од небрежност и доби само пет години затвор, а по пет месеци илезе на слобода па беше пуштен во куќен притвор.
 

Писториус има рок од десет дена да поднесе жалба, но според информациите кои доаѓаат од Јужноафриканската Република, речиси е извесно дека го чека затворска казна од 15 години.

Пресудата на Врховниот суд:

 

Затворската просторија каде лежеше Оскар Писториус