Судијата од Гана е доживотно суспендиран од страна на ФИФА со образложение дека го наместил натпреварот меѓу Јужна Африка и Сенегал кој се одигра минатата година во ноември во рамките на квалификациите за Мундијалот 2018.
При резултат 1:1, Лампеј досуди непостоечки пенал поради наводно играње со рака на Кулибали, иако на снимката се гледа дека топката му удира во колено, а не во рака.
По реакциите на Фудбалската федерација на Сенегал и истрагите по мечот, ФИФА ја донесе најстрогата казна и излезе со соопштение:
„Дисциплинското тело на ФИФА одлучи доживотно да го казни Џозеф Лампеј и да го спречи да суди фудбалски натпревари и на национално и на меѓународно ниво“.
Одлуката ја поздрави и Фудбалската федерација на Сенегал, а на судијата му преостанува да поднесе жалба во ФИФА, како и во Арбитражниот суд во Лозана.
Сепак во овој случај селекцијата на Сенегал останува оштетена од поразот 2:1. Натпреварот нема да се преигра со образложение дека во местенката не учествувале други луѓе.