Луис Суарез
Уругваецот сам го победи Норич со четири гола при победата на Ливерпул од 5:1, а еден од неговите голови беше посебен.
Роберто Карлос
Во 1997-та, една година пред почетокот на Светското првенство во Франција, Роберто Карлос реши да ја тестира аеродинамиката на новата топка на стадионот Жерлан, а жртва на неговиот „банана" шут беше Фабиен Бартез.
Ари Хан
Поранешниот холандски репрезентативец има постигнато многу голови во кариерата и покрај тоа што играл на дефанзивните позиции, благодарение на топовскиот удар како на пример овој на Светското првенство во 1978-та година против Италија.
Франк Суаз
Со овој гол на Суаз против ПСЖ, екипата на Олимпик Марсеј ја освои титулата во Франција во 1989-та година.
Роналд Куман
Шут како овој на Куман од Барселона против Сампдорија во 1992-та година не го бранат ни двајца голмани како Џанлука Паљука.
Пол Брајтнер
Германецот играше по левата страна, но беше познат по неговата убиствена десна нога со која ги тероризираше противничките голмани како на пример Чилеанецот на Светското првенство во 1974-та година.
Бруно Н'готи
Голчиштето на Н'Готи го одлучи финалето на Купот на победниците на куповите во 1996-та година кога ПСЖ го победи Рапид од Виена со 1:0.
Стивен Џерард
Благодарение на оваа бомба на капитенот во 86-та минута на натпреварот против Олимпијакос, екипата на Ливерпул се провлече со подобра гол разлика во групната фаза и таа година успеа ја освои Лигата на шампиони по легендарното финале против Милан.
Златан Ибрахимовиќ
Можевме да ја исполниме целата листа само со голови на Златан, но го избравме овој проектил од натпреварот против Андерлехт на кој дури четири пати се запиша во листата на стрелци.
Јоан Гуркуф
По ова голчиште во 2008-та година, Французите почнаа да го најавуваат Гуркуф како „новиот Зидан".