Историски подвиг на голманот на Јужна Африка со 4 одбранети пенали вредни полуфинале

Африканскиот Куп на нации влегува во самата завршница на спектакуларен начин. Ронвен Вилијамс направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг голман, па дури ни на Европско и Светско првенство.

Голманот на Јужна Африка фати дури 4 пенали во пенал серијата од четвртфиналната пресметка против Зеленортските острови кои ги спакуваа куферите.

120 минутната битка заврши без голови по што мечот беше решен на пенали. Јунакот се вика Ронвен Вилијамс кој спречи 4 од можни 5 удари за победа на Јужна Африка од 2:1.

Вилијамс стана национален херој и во својата земја го нарекоа Спајдермен.

Историјата вели дека тој е прв голман со 4 одбранети пенали во Купот на Африкански нации, нешто што не се случило ниту на Светско, Европско и Копа Америка.

За Јужна Африка ова е четврти пласман во полуфинале на африканскиот континентален собир кој го освоија во 2000-та како домаќини.

Во полуфиналето ќе играат против Нигерија. Другата двојка е Брегот на Слоновата коска - Конго.

Вилијамс ја има и одбраната на денот.

4 февруари 2024 - 12:58