Vo 32’ минута од натпреварот Гана - Јужна Африка, после еден центаршут во шеснаесетникот на гостите, Даниел Амарти од Лестер театрално падна и го прелажа судијата од Сенегал Магет Н’Дијае да свирне пенал.
Логично прашање е кај е тука ВАР? Одговорот е едноставен: Во Африка на натпревари од квалификациите нема ВАР, иако ФИФА одамна веќе им даде право на сите конфедерации сами да решаваат дали ќе постават ВАР технологија. Една од причините поради кои во Африка нема ВАР е недостигот од финансиски средства.
Овој скандалозен пенал не само што и донесе 3 бода на Гана туку и потребна гол разлика - Јужноафриканска Република постигнала еден помалку во групата, па Гана оди во следна рунда каде ќе има десет африкански репрезентации кои ќе се борат за виза во Катар. За сега во тој бараж се: Мали, Египет, Сенегал, Мароко и ДР Конго.
Ghana make it to the World Cup play-offs thanks to this penalty decision and a 1-0 win over South Africa.
— Sanny Rudravajhala (@SannyR1985) November 14, 2021
Wow. Just wow. 🤯#BlackStars #GHARSA #WCQ2022pic.twitter.com/Oxlda3kwhu
Гана ја продолжи и победничката серија против Јужна Африка на домашен терен која трае од 2009-та.
Но африканските навивачи се бесни поради овој пенал. Собрале петиција (досега повеќе од 7.000 потписи) во која бараат од ФИФА да го преигра мечот:
„Го повикуваме комитетот по етика во ФИФА да ја испита работата на сенегалскиот судија како предмет на можни манипулации и влијание на резултатот на мечот. Исто бараме од ФИФА да донесе одлука за преигрување на мечот на неутрален терен и да постави судија од една од арапските земји. Неспремноста да се преигра мечот ќе значи дека Светското првенство во Катар, прво на Блискиот Исток засекогаш ќе биде запаметено по корупциски срам и наместени натпревари“, стои во описот на петицијата.