Таг: најлош пенал

Некогаш и вакви пенали се шутирале во Англија

Снимката е од пред 40 години од мечот Челси - Манчестер Сити во Милк Купот, денес познат како Карабао Куп или наједноставно Лига Куп. Изведувачот е Пет Невин, а коментаторот е запрепастен и со право ќе го прогласи пеналот за најлош.

Будимир од Осасуна место да израмни во 97-ма, го изведе најлошиот можен пенал

Валенсија ја доби Осасуна на гости со 0:1, а хрватскиот напаѓач Анте Будимир после ова веројатно за последен пат ќе добие можност да шутира пенал за својот тим. Погледнете го што успеа да изведе и тоа во судиското продолжение.

Така во двор со децата можеш да шутираш пенали

И со пеналите се претера. Едни се обидуваат со краток залет, други трчкаат како манекени пред да го изведат, трети му ја подаваат на голманот како на тренинг. Поради аматерскиот удар на 21 годишниот напаѓач на Расинг Сантандер, Жерар Фернандез Кастелано познато Пеке, неговите загубија дома 0:1 од Алкоркон и тоа со три црвени картони им ги собраа бодовите.

Пенал на пијано

Да водиш 5:0 и да пробуваш нешто ајде, ама ова глупирање се случи во пенал серија за тоа кој оди понатаму во Куп на Франција. Пациентот се вика Елиот Симое и треба да биде среќен што неговиот Нанси успеа да го мине Рен на пенали. Инаку ова е за ластици и греење клупа.

И пеналите не се веќе тоа што беа

Прво зема залет од дома, па подзастанува, па подскокнува како кенгур и на крај ја шутира во него. Бадијала целото пренамагање и изводење.

Е не како Баџо ќе ја рогам во облаци

И непрецизниот пенал знае да биде многу прецизен. Она што е најважно во случајов е што нема жртви.

Во Виница е досуден најсрамниот пенал на векот

Второлигашниот натпревар меѓу Слога Виница и Тиквеш ги измести границите за судење пенал. Погледнете го ова театрално паѓање на еден од домашните фудбалери кој од што не знаеше што да направи се струполи доле со епско симулирање прекршок.

Удар од 11 метри по кој топката повеќе не е видена

Ја имаат зарогано на трибина ликови како Стам, Бекам и Рамос, ама никој не успеал до сега да ја отера до небо. Велат дека кружи околу сонцето.

Најсрамниот пенал на сезоната го доби Атлетико

Судиите на синоќешниот дерби меч од Ла Лига тотално го изгубија компасот. Досудија три пенали од кои еден постоечки, друг сомнителен, трет тешки срамотилаци. Каква ли технологија треба да излезе за да се престане веќе со овој аматеризам.

Кој му дал на овој да шутира пенал?

На Куп натпревар во Бразил меѓу екипите на Пајсанду и Куијаба, финалето после нерешениот исход се решавало на пенали. Куијаба загуби затоа што довербата на крај му ја даде на човек кој после ова корнер не треба да му дадат да изведе.

Добро од каде сега оваа мода на пенали?

Пет дена поминаа откако анонимус од Гвадалахара, Мексико изведуваше бесни глисти од 11 метри и ете ти сега ново такво глупирање кое очигледно не вродува со плод. Напротив, срамно е ова.

Циркуз медрано направија од пеналиве

Фиорентина против Гвадалахара од Мексико на пријателска. Нормално дека Италијанците ќе победат 2:1, кога имаш ваков пеналџија за кој едниот од коментаторите рече: Најлошиот пенал што сум го видел до сега.

Ај најдете му НЗС на пеналов

Сè што може да НЕ очекувате се случи во овој удар од 11 метри. 1.Сопка 2.Асистенција 3.Гол на друг играч. 4.ВАР 5.Поништен гол. Ваков хаотичен пенал не се видело до сега, а му успеа на Макаби Тел Авив.

Иновативен кошаркарски дриблинг, ама во фудбал

Го знаете ли вие Бонџи Нтули од јужноафриканскиот клуб Амазулу? Баталете го и неговото, а и името на клубот бидејќи секако нема да ги запамтите. Поентава е да видите што сè успеа типов да направи за 5 секунди во шеснаесетник, а да “не го видат“.

Фудбалер на Бристол го изведе најлошиот пенал на сезоната

Во англиската Лига 1 (трета лига), синоќа играа Портсмут и Бристол Роверс. При резултат 1-1, шпицот на гостите Џонсон Кларк-Херис ја опна топката над облакодерите во близина на стадионот. Интересно голот за Бристол претходно го даде токму Кларк-Херис од пенал ама пропушти да им донесе победа.

На Габриел Палета му се чуди цела Кина за пеналов

Џиангсу и Тијанџин одиграа куп натпревар во Кина на кој срамот го изеде довчерашниот дефанзивец на Милан, Палета кој според информациите од кинеските медиуми утепал три чавки и еден гавран.

Најсмешниот досуден пенал во финале на ЛШ

Доста беа кавги и анализи за пеналот на дуелот меѓу Реал и Јуве. Во 1960-та година во финале се сретнаа Реал и Ајнтрахт Франкфурт конечни 7:3. Четири гола даде Ди Стефано и уште три Пушкаш. За пеналот како да ви кажеме...Работава не примам цивки.

Година на промашени пенали

На 2. јули минатата година Италија загуби од Германија во 1/4 финалето на Европското, а мечот го одбележаа пеналите на Заза и Пеле кои станаа предмет на иронија на интернет. После нив имаше и други трапаво изведени удари од белата точка.

Најнепостоечки пенал во историјата

Во египетското првенство судија свирна пенал за кој ни тој самиот не знае зошто го свирна. Се чудеа дури и играчите кои добија удар од белата точка.

Најлошиот пенал во историјата на Литванија

Се играше меч од Купот на Литванија меѓу второлигашите Силуте и Силас кој заврши 0:0. Следуваа пенали, а таму се прослави гостинскиот фудбалер Гитис Сиугзда.